Треј Паркер и Мет Стон, кои се најзаслужни за успехот на американската анимирана серија „Саут парк“, пандемијата на коронавирусот ја третираат истовремено како смешна и потресна епизода.
Големата моќ на оваа анимирана серија, според некои критичари, е во нејзиното непоколебливо чувство за слобода. Авторите преку своите анимации секогаш го зборуваат она што го мислат, ги демистифицираат кратковидоста,
себичноста и глупавоста.
Во месеците по прогласувањето на пандемијата на коронавирусот имаше доволно материјал да се демистифицираат три категории, на потресен начин, бидејќи вирусот ковид-19 ги дополнуваше црните статистики, одземајќи десетина илјади животи.
Короната го стави во фокус големиот пораст на граѓанска одговорност, која се манифестира со носењето заштитни маски и држењето дистанца. Сето тоа на еден посебен начин го третираат и Паркер и Стон.
Емисијата трае еден час, нема многу смеење, бидејќи новиот „Саут парк“ има специфичен пристап кон појавите врзани за опасниот вирус.