На неодамнешниот интернационален онлајн избор на убавина „Мис карантин на светот“ победи Кристина Димитријевска (24) од Тетово. Таа овој огромен успех го постигна во конкуренција на 210 пријавени девојки од околу 50 држави од целиот свет. Таа беше прогласена за најубава со речиси едногласна одлука на членовите на жирито. Кристина успеа да освои уште една титула, за најдобро претставување. Таа е и актуелна мис на Балканот, титула што ја освои лани во декември, во Белград, Србија.

И втората македонска претставничка, Бисера Цуцулова (16) од Скопје, успеа да освои титула, мис интелиџенс. Признанието ѝ го донесоа впечатливите одговори на прашањата што ѝ беа поставени од страна на жири-комисијата, чиј член беше и Мики Црнокрак, сопственикот на модното студио „Црнокрак“, кое беше коорганизатор, заедно со „Гецјан фешн груп“, на овој уникатен избор на убавина во светот.
Уште две девојки со кои соработува модното студио освоија титули:
Црногорката Лара Стешевиќ е втора придружничка и беше прогласена за бест модел, а Доти Полгар од Унгарија ја освои титулата мис бикини.