Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги откри прототипите на двата автомобили чие сериско производство ќе започне за три години, јавуваат турските медиуми. Ердоган, претставувајќи ги новите возила на церемонијата во Коачели, изјави дека „сонот долг 60 години конечно стана реалност“. Конзорциумот составен од пет турски производители ќе започне со производство на пет модели на електрични автомобили, почнувајќи од 2022 година, чија автономија се проценува на околу 500 километри.