Во љубовната врска не смеете да се штедите еден со друг, тоа води само до дистанца. Ако има пречки, надминете ги заедно, говорел таткото на психоанализата Сигмунд Фројд. Сигмунд Фројд со причина се нарекува татко на психоанализата, иако некои во негово време го нарекувале шарлатан, а други гениј. Тој добро ги разбирал човечката психа, моќта на потсвеста и мистеријата на соништата. Фројд им помогнал на многу луѓе да разберат што се крие во нивната потсвест, како тоа влијае на нивните животи и како можат самите да си помогнат. Избравме 10 негови цитати.
– Луѓето што не ја сакаат реалноста, живеат во свет на фантазија и замислуваат исполнување на нивните желби. Силните луѓе ги претвораат овие желби во реалност, а слабите луѓе продолжуваат да живеат во нивниот фантастичен свет.
– Човекот станува храбар и самоуверен кога се чувствува сакано.
– Најдобрата ментална вежба е да бидете целосно искрени со себе.
– Мистеријата на човечката душа лежи во психичките драми од детството, а кога ќе дојдете до нивната суштина, ќе дојде вашето исцеление.
– Единствената личност со која треба да се споредувате е личноста што сте биле во минатото.
– Единствената личност од која треба да бидете подобри е таа што сте сега.
– Човек се разболува кога ќе почне да се сомнева во својот живот и неговата вредност.
– Неврозата е неможност да се толерира неизвесноста.
– Големината на нечиј идентитет се одредува според големината на проблемот што може да го исфрли од колосек.
– Потиснатите емоции не умираат, тие само молчат и продолжуваат да влијаат на вашиот живот, но одвнатре.