Еден хотел во Токио на гостите им нуди несекојдневен пречек – роботи диносауруси на рецепција. Но, хотелот има и аквариум во кој исто така се наоѓаат роботи во облик на разнобојни светлечки риби.

Необичниот хотел „Казухиро Ноги“ се наоѓа во предградие на Токио.

Комуникацијата со роботите диносауруси е ограничена поради што гостите резервираат соби и вршат порачки преку таблет.

– Не сакавме хотел во кој само ќе се спие, туку сакавме да воведеме нешто нови-изјави директорот на хотелот Јукио Нагао.

Една ноќ во необичниот хотел чини 130 евра.