Компанијата „Нова Меат“ неодамна претстави бифтекот што е направен од морски алги, грашок, ориз и други состојки. Спомената компанија има за цел намалување на животинското месо во индустријата преку 3Д-печатењето, а притоа печатениот бифтек има вкус на месо и покрај тоа што е направен од приридни состојки.

3Д-принтерот се појави пред 20 години и неговите пронаоѓачи веруваа дека нивниот изум ќе предизвика револуција во многу индустрии, што и се случи.

Во 2018 година, во светот беа продадени 1,4 милиони 3Д-принтери, а ова бројка се очекува во следните години да се искачи на 8 милиони. Денес, технологијата на 3Д-принтањето се применува во градежништвото, медицината, индустријата и производството на храна.