Британското кралско семејство може да изгуби 20 милиони евра од приходите во буџетот, тврди британски „Телеграф“.

Велика Британија ја затвори државата во март со наметнување рестриктивни мерки и ограничување на движењето на луѓето, за да се спречи понатамошното ширење на коронавирусот.

Ова во голема мера влијае на парите што доаѓаат од туризмот. Кралското семејство е меѓу погодените, бидејќи пандемијата влијаеше на намалениот број туристи.

Членовите на персоналот на кралското семејство се соочуваат со замрзнување на платите, и постои можност да останат без работа. Тука е вклучена и Бакингемската палата, која обично има многу посетители за време на летото кога кралицата е во Балморал.

Британскиот весникот „Сан“ известува дека Лорд Чембрлен Ерл Пил, менаџер на кралското семејство предупреди оти се очекува приходот да падне за околу 20 милиони евра, што би било една третина од буџетот на кралското семејство. Минатата година, кралско семејство од туризмот заработило повеќе од 78 милиони евра, преку продажбата на билети и сувенири.

Минатата недела беше потврдено дека Бакингемската палата ќе остане затворена за посетителите до крајот на годината, додека на оние што резервирале да го посетат домот на кралицата во Лондон, ќе им бидат вратени парите.

– Веројатно дека коронавирусот ќе има финансиско влијание врз целата држава, а кралското семејство не е исклучок – изјави портпарол на Бакингемската палата.