Барбадос ја прогласи пејачката Ријана за национална хероина на прославата на прогласувањето на државата за републиката во нејзиниот роден град Бриџтаун.
Премиерката Миа Мотли најави дека на 33-годишната музичка ѕвезда ќе ѝ биде доделена честа националниот херој на Барбадос, а ваквата најава беше дочекана со бурни овации. Потоа ја повикаа Ријана да застане пред публиката заедно со премиерката Мотли.
– Продолжи да сјаеш како дијамант и да ѝ носиш чест на твојата нација со твоите дела, со твоите постапки – ѝ рече Мотли на Ријана, алудирајќи на нејзиниот хит „Diamonds“, кој беше на врвот на топ-листите во 2012 година.
На Ријана и беше оддадена почит во присуство на принцот Чарлс и на новата претседателка Сандра Мејсон, која ја претставуваше кралицата како генерална гувернерка на оваа островска држава.
Пејачката стана 11-от национален херој на земјата и втора жена што ја добила оваа титула и стана достоинствена Робин Ријана Фенти, како што гласи нејзиното целосно име. Реакциите на нејзините многубројни обожаватели беа многу позитивни, а еден од нив на социјалните мрежи напиша дека пејачката „им останала верна на своите кроени и затоа го заслужува благословот што го добила“.
Инаку, овој карипски остров 396 години откако стана дел од Британската Империја и 55 години по стекнувањето независност, стана република, со што се откажа од британската кралица Елизабета Втора како суверен.