Антонио Бандерас повикува на солидарност

Познатиот шпански актер Антонио Бандерас се приклучи на списокот на јавни личности, кои на секој начин се обидуваат да ја издигнат свеста на луѓето во борбата против коронавирусот. Славниот актер сподели многу емотивно видео на својот профил на Инстаграм, испраќајќи порака до сите.

– Коронавирусот не знае за раса, пол, религија или граници. Сите сме во тоа заедно и повеќе од кога и да е, потребна ни е солидарност. Затоа, бидете љубезни, бидете безбедни, бидете паметни – напиша Бандерас на социјалните мрежи.
Неговата родна Шпанија во моментов е една од најзагрозените држави во светот, а бројот на заразени и починати од коронавирусот се зголемува секојдневно.