„Фрозен“, „Кралот Лав“, „Аладин“ се имињата на некои од филмовите за најмладите што ќе добијат свое продолжение

Како и секоја година, и годинава се подготвуваат премиери на анимирани филмови што најмладата публика со нетрпение ги очекува, но, секако, тие знаат да бидат вистинска забава и за возрасните. Во прилог неколку од филмовите што се најавени за 2019 година.

„Фрозен 2“
Режија: Крис Бак, Џенифер Ли,
Премиера: ноември 2019
Улоги: Кристен Бел, Иван Рејчел Вуд, Стерлинг К. Браун
Кратка содржина: Многу малку информации се познати за овој филм, но земајќи предвид колку голем хит стана првиот дел, и тоа за многу кратко време, може да се очекува дека со сигурност ќе сака да го погледе секое дете, па и возрасен.

„Лего-филм 2“
Режија: Мајк Мичел
Премиера: февруари 2019
Улоги: Маргот Роби, Алисон Бри, Крис Пат
Кратка содржина: Првиот дел од „Лего-филмот“ е одлично прифатен од страна на публиката, како и неговиот спиноф – „Лего Бетмен филм“. Со одличната актерска екипа, „Лего-филмот 2“ има големи шанси да ве насмее до солзи.

„Приказна за играчките 4“
Режија: Џош Кули
Премиера: јуни 2019
Улоги: Патриција Аркет, Кијану Ривс, Том Хенкс, Тим Ален
Кратка содржина: На сите им е познат веќе овој серијал. Сите со нетрпение чекаат да видат низ какви нови авантури ќе поминат Вуди и Баз со своите нови пријатели.

„Кралот Лав“
Режија: Џон Фавреу
Премиера: јули 2019
Улоги: Џејмс Ерл Џонс, Чиветел Еџиофор, Доналд Гловер, Џон Оливер, Бијонсе
Кратка содржина: „Кралот Лав“ на сите им беше еден од омилените филмови. Затоа сите со нетрпение очекуваат да видат каков ќе биде овој римејк. Но за тоа ќе почекаме до јули.

„Дамбо“
Режија: Тим Бартон
Премиера: март 2019
Улоги: Ева Грин, Ален Аркин, Колин Фарел
Краток опис: Повторно снимање на уште еден од класиците на Дизни од 1989 година. Многумина се во исчекување на новите авантури на ушлестиот другар од детството.

„Аладин“
Режија: Гај Ричи,
Премиера: мај 2019
Улоги: Наоми Скот, Вил Смит, Били Магнусен
Кратка содржина: Кралот на крадците се враќа во киносалите со својот рестарт. Вил Смит, кој е водечки лик во цртаниот филм во улогата на Духот, му дава потенцијал на овој филм да биде многу интересен.

„Покемон детектив Пикачу“
Режија: Роб Летермен
Премиера: мај 2019
Улоги: Рита Ора, Рајан Рејнолдс, Суки Вотерхаус
Кратка содржина: Сите го знаат Пикачу. Тој е мал, симпатичен и сега анимиран. Гласот ќе го добие од актерот што го играше Дедпул, Рајан Рејнолдс. Иако 3Д-филм со покемоните, особено во кој главен лик е Пикачу, кој зборува, звучи како лоша идеја, трејлерот зачудувачки фасцинира и мами да се погледне овој анимиран филм.