Нов сингл на Ед Ширан по четири години пауза

101

Познатиот пејач и текстописец Ед Ширан го најави својот прв соло-сингл во последниве четири години, насловен „Bad Habits“.

Триесетгодишниот Британец од врвот на топ-листите сподели дел од песната и го потврди нејзиното издавање на 25 јуни преку „Атлантик рекордс“.
– Работев во студио во последниве месеци и едвај чекам да ја слушнете „Bad Habits“ – им порача тој на многубројните обожаватели.

Ширан реши да се одморил од музиката откако во август му се роди ќерката Лира Антарктика Сиборн Ширан. Тој во јули 2019 година објави носач на звук, насловен „Проект соработки бр. 6“, во кој учествуваа неколку негови колеги уметници, меѓу кои беа и: Џастин Бибер, Камила Кабело и Тревис Скот.