Утре во Битола свечено ќе биде отворено јубилејното 20 по ред издание на Интернационалниот музички фестивал „Тра ла ла“.
Според зборовите на првиот човек на фестивалот Тони Алексовски се е подготвено за почеток на детскиот фестивал, на кој ќе учествуваат 90 млади и талентирани интерпретатори од 21 земја од Европа и светот.
На фестивалот покрај учесниците во Битола ќе претстојуваат и над 300 гости, кои ги следат петте фестивалски денови.
Натпреварувачите на овогодинешниот Интернационален музички фестивал „Тра ла ла“ ќе ги оценува жири комисија од 23 члена, составена од еминентни имиња од 23 држави.
На победниците на фестивалот ќе им бидат врачени специјално изработени стаклени статуетки, парична награда за Гран При, а сите учесници на фестивалот еден ден ќе поминат во Охрид и со брод ќе крстарат по Охридското езеро.
Оваа година на фестивалот покрај натпреварувачкиот дел ќе се одржи гала концерт, на кој солистите ќе бидат придружувани од Камерниот оркестар на Битола.