Американскиот топ модел Кејт Аптон, сопругата на бејзболистот Џастин Верландер, излезе на насловната страна на списанието Максим облечена во провокативна облека.
Таа од списанието е избрана за американска убавица бр.1 меѓу најсексапилните жени за 2018 година.
Фотографијата со Кејт беше снимена во Израел од познатиот француски моден фотограф Жил Бенсимон, кој е поранешен сопруг на супермоделот Ел Мекферсон, позната како „Телото“.