Нездравата исхрана е одговорна за 11 милиони смртни случаи кои може да се спречат за една година глобално, повеќе од пушењето цигари, пишува во најновото големо истражување од САД, а пренесува „Гардијан“.
Студијата покажува дека најголемиот проблем не е нездравата храна која ја јадат луѓето, туку недоволното внесување на храна со високи хранливи вредности. Истражувачите велат дека неопхдна е глобална промена на навиките и поголема промоција на зеленчукот, овошјето, зрната и мешунките.
И додека шеќерот и мастите се штетни, повеќе смртни случаи се предизвикани од отсуството на здрави елементи во исхраната, стои во истражувањето кое го спроведе Иститутот за здравствена метрика и евалуација од Сиетл, САД, а објавен во престижниот медицински журнал „Лансет“.
Срцевите и мозочните удари се главните причини за смрт предизвикана од нездрава изхрана, следен од различните типови на рак и тип-2 дијабет. Истражувачите во студијата велат дека подобрата исхрана и внесувањето на течности може да превенира една од пет смртни случаи глобално. Иако диетите (исхраната) на луѓето варира од една земја до друга, ограниченото внесувањето на зеленчук и овошје и внесувањето на премногу натриум (соли) е причина за половина од сите смртни случаи и две третини од годишните причини за појавување на попречености поврзани со внесувањето на храна.
– Нашето истражување покажува дека неоптималната исхрана е одговорна за повеќе смртни случаи од било кој друг глобален ризик, вклучувајќи ги и цигарите. Со тоа се нагласува итната потреба да се подобри диетата на луѓето секаде во светот – пишуваат истражувачите.
Тие дополнуваат дека неопходно е наместо да се убедуваат луѓето да намалат со шеќерите, солта и масната храна (кои се главен фокус на кампањите за здрава храна), подобро ќе биде да се промовираат здравите опции за исхрана.