Не фрлајте ја кората од овошјето
Повеќето од нас ја фрлаат кората од овошјето (портокали, грејпфрут, лимон, банани) не знаејќи дека можат да ја искористат на различни начини.
Благодарение на високата концентрација на лимонска киселина и освежувачки мирис, кората од лимон е совршена со чистење на вашата кујна и бања. Чешмата, мијалникот, вратата од туш-кабината… сето тоа може да се исчисти со кора од лимон. Исто така, на дното на кантата за смет ставете неколку парчиња од кората, за да се ослободите од непријатниот мирис, пишува сајтот Инсајдер.
Кората на авокадото има хидратантни својства. Исто така, авокадото може да се користи и за пилинг. Едноставно, втријте го во кожата, останете така 5 минути и потоа измијте го лицето. Кората од портокал може да се искористи за приготвување ароматизиран сируп. Исто така, од неа можете да направите и мармалад. Некои готвачи дури го користат целиот протокал за правење мармалад, заедно со кората. Кората од банана исто така е корисна. Со неа исчистете ги чевлите без сјај, а потоа избришете ги со крпа, ефектот ќе биде одличен. Кората од грејпфрут се користи за приготвување пијалаци и чај.