Минатата недела бил пронајден женски труп во езерце покрај палатата Кесингтон во Лондон, домот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, војводата и војвотката од Кембриџ пренесува „Дејли Меил“
Првичните информации биле дека пронајденото тело е на британската уметничка Енделион Ликет Грин, внука на британскиот поет Сер Џон Бечеман по која се трагало. Џон Ликет Грин, братот на Еделион објавил дека таа е пронајдена жива и здрава, а пронајдениот труп е на друга жена и дека тоа било случај на погрешен идентитет.
Пронајдениот труп во езерцето останува неидентификуван.
– Смртта во овој момент се третира како необјаснета, но не се смета дека е сомнителна. Истрагите се во тек – изјави портпарол на Скотланд Јард.
Војводата и војвотката од Кембриџ се немаат огласено за оваа случка.