Иако почесто на женските филмски ликови им се припишува емотивна, нежна, романтична нота, во одредени филмови токму жените толкуваат улога на опасни хероини што се впуштени во страшни битки. Тоа се хероини што се однесуваат немилосрдно и агресивно рамо до рамо со машките ликови.
Во последно време почесто се вртат имињата на Вондер Вомен, Црната Вдовица и слични, а во прилог 10 одлични акциски хероини, кои ги освоија срцата на публиката изминативе години.
Лилу („Петтиот елемент“)
Актерка: Мила Јововиќ
Лилу, уште позната како Леломина Лекатариб Ламина, е единствената надеж за спас, кога Гери Олдман посакува да ги собере мистериозните камења во филмот „Петтиот елемент“.
Фокси Браун („Фокси Браун“)
Актерка: Пам Гриер
Фокси Браун е нешто како женска верзија на филмот „Шафт“. Квентин Тарантино беше толку возбуден со Пам Грир во филмот „Кофу“, па го направи и филмот „Џеки Браун“ за неа.
Никита („Ла фем Никита“)
Актерка: Ане Парилауд
Што и да мислиме за Лук Бесон, ни донесе неколку фантастични женски лика. Никита, затвореничка принудена да стане убиец, откако нејзините киднапери ја исценираа нејзината смрт, е една од неговите најдобри хероини. Најголемите заслуги во филмот одат на ранливата, но храбра претстава на Парилауд.
Лизабет Саландер
(„Девојката со тетоважа на змеј“)
Актерки: Наоми Рипејс и Руни Мара
Не е чест случајот римејкот на англиски јазик, на странски трилер, да донесе номинација за „оскар“, кој не зборува само за талентот на Рипејс и на Мара, туку и за големината на хероината што ја играат.
Тринити („Матрикс“)
Актерка: Кери-Ен Мос
Можеби не е во прв план, како што е Нео, но нема „Матрикс“ без Тринити. Храбра, лукава и способна за разни борбени вештини. Таа го пробива својот пат кон вистинскиот и симулиран свет, отворајќи пат за гледачите, како и за своите пријатели.
Алис („Резидент ивл“)
Актерка: Мила Јововиќ
Дури и кога филмовите „Резидент ивл“ не беа добри – Мила Јововиќ беше. Онаа хероина што ќе ја замени Мила Јововиќ во најавеното продолжение на филмот ќе треба да ги исполни високите критериуми.
Невестата („Кил Бил“)
Актерка: Ума Турман
Невестата што ја глуми Ума е еден од најсимпатичните ликови на Квентин Тарантино. Филмот претставува драма за одмазда со епски размери. Невестата има план и храброст да им се одмазди на Бил и на неговиот атентаторски тим.
Лејди Сноублад
(„Лејди Сноублад“)
Актерка: Меико Каји
Пеколот нема лутина како една занемарена жена. Овој филм и лик имаат големо влијание врз Невестата во „Убиј го Бил“, од режисерот Квентин Тарантино. Тој самиот изјавил дека тој ги натерал екипажот и актерите да го гледаат култниот одмаздувачки филм „Тошија Фуџита“. За разлика од Невестата, Јуки се одмаздува не за својата ќерка, туку за својата мајка.
Рипли („Елиен“)
Актерка: Сигурни Вивер
Понекогаш мора да го оставите најдоброто за крај. Сите хероини на оваа листа се одлични, но само една е поручничката Елен Рипли. Можеби повеќе нема да ја видиме во борбата против Хеноморфа, но нејзината појава ќе ги следи сите идни филмови на елиен-франшизата.