Заврши снимањето на краткиот игран филм „За Ева“ по сценарио на Бојан Василев и Андреј Насков. Режисер на филмот е Бојан Василев. Улогите ги толкуваат Миа Жиро, Изабела Новотни, Талиа Харалампиев, како и Игор Стојчевски и Стефан Ристевски. Филмот го снимаше Сашо Василев, шминката е на Александар Билјановски-Дадар. Остатокот од екипата го сочинуваа Калин Крајчевски, Петар Пројкоски, Стефанија Василева и Матеа Мисајловска.
Снимањето се одвиваше на локации во Скопје и околината. Продуценти на „За Ева“ се Андреј Насков и Бојан Василев, преку „Василеви продукција“.
Филмот во текот на развојот и продукцијата е поддржан од мрежата „ЕДУ катс“, преку проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, финансиран од Европската Унија и поддржан од Британскиот совет, со цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социоекономско влијание.