Фото: Општина Кавадарци

На големо задоволство на љубителите на рок музиката од сите генерации утревечер на градскиот плоштад во Кавадарци се случува голем рок концерт насловен како „Кавадарци ноќе 2023“.

Во иста вечер настапуваат рок групите „ BAD ASS ALL“, „BROKENDOWN“ од Кавадарци и „TROYA“ од Радовиш кои ќе ја претставуваат македонската рок сцена во овој проект кој е во организација на популарниот џез музичар Васил Хаџиманов кој многу често е дел од музичките проекти што се реализираат во Македонија и домот на културата „Иван
Мазов Климе“ во Кавадарци, а финансиски е подржан од министерството за култура на Македонија.

Традиционално 15 пат на градскиот плоштад во градот на грозјето и виното се случува овој фестивал на рок музиката кој во изминативе години беше посветен на кавадаречката и на македонската рок сцена со интенција да се покаже најдоброто од од рок музиката создадена во Македонија. Исто така фестивалот во Кавадарци беше редовна и убава можност за потсетување на безвременската музика на легендарната кавадаречка рок група „Токму Така“ како и на големиот тапанар Трајче Каров кои остави големи траги во неколку македонски рок бендови.

Концертот „Кавадарци ноќе 2023“ се случува во рамките на манифестацијата
„Кавадаречко културно лето “ со почеток во 20 часот.