Ликовниот уметник и графичар Диме Темков, кој живее во Љубљана, има потекло од Кавадарци и е еден од основачите на ликовната колонија „Михајлово“

Како дел од програмата на меѓународната ликовна колонија „Михајлово“, која по 26-ти пат се одржува во Кавадарци, в понеделник, во Музеј-галеријата во Кавадарци ќе биде отворена изложба на ликовниот уметник и графичар Диме Темков од Љубљана, Словенија. Диме Темков, чие семејство има потекло од Кавадарци и е еден од основачите на ликовната колонија „Михајлово“ во 1996 година, има значаен придонес во нејзиното заживување и популаризација со присуство на голем број млади уметници и графичари од сите поранешни југословенски републики.
Изложбата со која се претставува Темков во Кавадарци е насловена „Слики од морето и ловот“ и претставува дел од неговите најнови дела, во кои тој ги афирмира творечките манифестации од водните и ловечките активности. Особено во неговите дела се детализирани ловните богатства на Кожув Планина, Вишешница и висорамнината Витачев, каде што домашниот и интернационалиот лов во Тиквешијата има насобрано голем број интересни трофеи од различни животни што претставува ретко музејско богатство, дело на грижливо чување ловни животни на Тиквешко Езеро. Презентацијата на ловните богатства на Шешково е ретка можност што ја искористил Диме Темков да развие многу форми од морскиот и од ловниот туризам од тиквешкиот форум, кој по многу нешта е единствен.
Диме Темков е роден во Скопје 1971 година, завршил Средно уметничко училиште – оддел графика и дизајн, потоа студирал графика на Факултетот за ликовна уметност во Скопје во класата на професорот Димче Николов, каде што дипломирал и истата година. Се запишал на постдипломските студии за графика на Академијата за ликовна уметност и дизајн во Љубљана каде што и денес живее и работи. Работи и на организација на општествени и хуманитарни дејности. Учествувал во организација на 21 меѓународна ликовна колонија и реализирал 50 самостојни изложби. Активен член е на ротари-клубот „Логатец“, каде што го води клупскиот проект „Уметници во Ротари“.