Неговото име е Андреа дел Верокио и е запаметен како учител од чија работилница произлегле најголем број генијалци. Една речиси чудесна работа поврзува неколку познати ренесансни сликари и скулптори, можеби најголемите уметници на сите времиња. Имено, Леонардо да Винчи, Ботичели, Пјетро Перуџино, Лоренцо ди Креди имале ист заеднички учител. Неговото име е Андреа дел Верокио и е запаметен како учител од чија работилница произлегле најголем број генијални уметници. Стеблото на генијалноста се шири, па, ученици на неговите ученици се и Микеланџело и Рафаело Санти.
Роден во Фиренца, Андреа ди Микеле ди Франческо де Сиони Андреа (1435 – 1488) е запаметен по прекарот Верокио, кој е добиен со комбинирање на зборовите веро и окио, што значи „вистинско око“. Верокио исто така бил важен уметник од ренесансата, но неговата работа всушност била во сенка на неговите поуспешни студенти. Верокио бил син на ѕидар, кој подоцна во животот станал даночник. Во младоста им служел на неколку господари, а според легендата, Верокио му бил ученик и на Донатело. Основал работилница каде што вајал и сликал со темпера на дрво, а за своите чираци и ученици најмногу прифаќал изгубени синови од угледни семејства.
Во тоа време Фиренца, еден од најмоќните слободни градови во Европа, била седиште на разни мајсторски и уметнички работилници. Таквата разновидност и колоритност во јадрото на италијанската ренесанса биле поддржани и великодушно финансирани од познатото семејство Медичи, кое ја прослави својата вековна моќ низ Европа токму со имињата на уметниците што ги поддржуваше. Најпознатите дела на Верокио ги вклучуваат „Мадона и дете седнати“ и „Тобијас и ангелот“, како и бистата на Бартоломео Колеони, која ја извајал на самиот крај од својот живот, откако се преселил во Венеција.