Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) потсетува дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата на патарини, почнувајќи од 15 јуни годинава лентите означени за МТАГ (MTAG) ќе бидат наменети исклучиво за корисници на електорнски тагови.
Со наведената измена, вршењето на наплата со МКард (MCard) на овие ленти се укинува, а корисниците кои користат МКард ќе ја реализираат наплатата на останатите достапни ленти на наплатната станица, согласно со нивната намена.
ЈПДП укажува и апелира до корисниците на строго почитување на вертикалната и хоризонталната сигнализација, како и на информативните електронски табли поставени пред и на самите наплатни станици, каде е извршена јасна категоризација на лентите по вид на плаќање: електронска наплата (MTAG / MCARD) и готовинско плаќање КЕШ (CASH).
Воедно, за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, корисниците се должни да ја следат сигнализацијата за статусот на лентите: зелена стрелка – означува активна (отворена) лента, додека црвен икс (X) – означува затворена лента
Непочитувањето на означувањето и намената на лентите, посочуваат од ЈПДП, може да предизвика застои во сообраќајот и да влијае врз безбедноста и ефикасноста на сообраќајот.



































