Изложбата „Стар ворс и Македониумот“ на македонскиот графички дизајнер и сликар Зоран Кардула ќе биде отворена вечерва, со почеток во 20 часот, во прилепскиот Центар за култура.
– Адмирал Акбар овој пат не е во право, ова не е стапица и империјата навистина го возвраќа ударот, бидејќи силата е во слогата на локалната заедница. Центарот за современа ликовна уметност и заедницата покануваат на вечер на владеење на славниот витез Зоран Кардула и неговите елегантни цивилизирани креативни решенија, зачнати во култната и за многумина, омилена повеќедецениска сага „Војна на ѕвездите“ – велат од ЦСЛУ-Прилеп.
Вечерта на интерактивна трансформација, музичка инспирација, интергалактичка дискусија и гастрономска мини-модификација ќе се одржи во просториите на Центарот за култура во Прилеп. Ка.М.