Националната опера и балет настапи на софиската сцена
Националната опера и балет на Македонија гостуваше со балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ на софискиот фестивал на Националниот музички театар на Бугарија „Стефан Македонски“, јави дописникот на МИА од Софија.
Режисер и кореограф беше Олга Панго – примабалерина, кореограф на македонската опера и балет.
Пред полната сала со познавачи на модерната балетска уметност, но и пред дипломати, трупата на НОБ ја претстави „Госпоѓиците од Авињон“. Учеството беше во рамки на Софискиот фестивал на музички театар на го лема сцена. Првпат имаше странско учество на фестивалот, кое беше со македонската балетска трупа.
Публиката во Софија неколкупати им аплаудираше на балерините од Македонија. На крајот од настапот публиката се крена на нозе и скандираше „Повеќе, уште“ и „Браво“. На сцената беше поставена корпа со цвеќе од Министерството за култура на Бугарија.
Македонската балетска дружина доби специјален сертификат за учество на Софискиот музички театарски фестивал.
Поради дождливото време, претставата беше преместена од паркот на Воената академија во Софија во зградата на музичкиот театар.
Меѓу присутните беа директорот на НОБ Васо Ристов, директорката на Бугарскиот музички театар Маријана Луканова и директорот на КИЦ на Северна Македонија во Софија Сашко Насев.