Живко Поповски - Цветин

Уметникот и хуманист, Живко Поповски – Цветин, постхумно му ја додели „Цветиновата награда за мир” на шпанскиот поет Хусто Хорхе Падрон. Признанието го прими сопругата на Падрон, Клеопатра, која потекнува од Скопје, а Цветин потсети на пријателството и меѓусебната почит со славниот поет.

Лауреатот на „Струшките вечери на поезијата“ за 1990 година, Падрон, е роден во 1943 година во Лас Палмас, Шпанија. Неговата поезија е преведена на четириесет и четири јазици, а добитник е на триесетина меѓународни награди и признанија, меѓу кои и на наградата „Нова Македонија” за најдобра песна на СВП, во 1989 година и во 2002 година. Починал во Мадрид на 11 април 2021 година, на 77-годишна возраст.