Успехот е мотив кон кој сите се стремиме, но понекогаш не сме ни свесни дека одредени секојдневни навики едноставно нѐ одвлекуваат од патот кон постигнување вистинско исполнување и моќ во животот. Одредени навики кон кои сме склони секојдневно може да нѐ оддалечат од патот кон постигнување успех во животот. Иако не изгледа така, има многу работи на кои трошиме премногу време и енергија, а кои нѐ прават безволни, уморни и незаинтересирани за остварување на целите на кои треба да работиме долгорочно.
Деновиве никој не е безбеден од бесмислено и прекумерно лизгање низ екранот на телефонот, па ако сте склони кон тоа, време е да преземете дополнителни мерки на претпазливост. Факт е дека со неограничените и заморувачки стимули на апликациите за социјалните медиуми, сите можеме да бидеме вовлечени во оваа мрежа на губење време. Прекумерното трошење време на социјалните мрежи значи масовно одвлекување на вниманието и недостиг од продуктивност, поради што оваа навика всушност се смета за исклучително лоша.
Исто така, секако, секој има право со своите пари да прави што сака, но објективно тоа може да биде проблематично, па дури и непромислено доколку се прави без воздржување, без разлика на буџетот и заштедата. Донесувањето избрзани финансиски одлуки без соодветно размислување може да доведе до грешки, каење и стрес, кои може да се избегнат.































