Поетската збирка „Македонствување“ од Десанка Николова беше промовирана во Центарот за култура во Крива Паланка. „Македонствување“, како што истакнува авторката, претставува поетски манифест посветен на чување на сѐ што е македонско, македонскиот јазик, македонската култура и традиција, македонскиот идентитет и македонските духовни вредности.
Поетскиот манифест е составен од две стихозбирки – „Грутка во грлото“ и „Мудровезби“, кои претставуваат македонштина исткаена во стихови. Овие дела се осма и деветта по ред стихозбирка од поетесата Николова.
Промоцијата на „Македонствување“ е дел од Кривопаланечкото културно лето и манифестацијата „Крива Паланка – град на културата 2024“.