Синоќа во музеј-галеријата во Кавадарци беше промовирана книгата раскази од Оливера Андоновска под наслов „Како ја убив Вера и како таа повторно се роди“. Книгата содржи седум долги раскази на неименувани машки ликови и уште повеќе за Вера, Хелга, Вита, Мира Калина…. и шест кратки кои повеќе наликуваат на документаристички слатко-горки исечоци од реалноста.
Ликовите во расказите на Андоновска се соочуваат со сите мачни чуства, со најголемите стравови, болки, трауми, фрустрации, напластени желби и сеќавања, со мрачната страна на човекот, кои долго биле избегнувани, погрешно именувани, но сега ги стигнуваат и ги доведуваат до самиот ѕид.
Промоторот на книгата Марта Димитров расказазите на Оивера ги дефинира како целосна приказна која содржи во себе доволно за да биде целина со разни детали скоцкании комплетирани во доста прецизно издание. Во нејзините приказни лесно може да се најде опис на ликовите во поглед на на детали, и секако за неа како омилен дел прецизно цртање на емоциите. Дел од расказите на Оивера Андоноска на публиката ги пренесоа ученици од ЗШУЦ „Ѓорче Петров“ под менторство на професорот Влатко Тасев.
Андоноска е автор на три сценарија за краткометражни филмови, како и на детските илустрирани приказни „Сонцето и Кралицата на темнината“ и „Ана и нејзиниот велосипед го спасуваат градот“. М.М.