Фото: З.А.

Во малата сала од Центарот за култура во Кичево вечерва ќе биде промовирана стихозборката на плодниот поет и писател Мебрух Миртоски. Гостин на промоцијата, рецензент на ова книжевно дело и воедно презентер ќе биде Муртеза Сулооџа од издавачката куќа „Јени Балкан“ од Скопје.Стихозбирката е издадена на македонски и на турски јазик.

– После подолг период вечерва во Центарот за култура во Кичево ќе се случи еден културен настан на кој ќе биде промовирана стихозбирката на поетот и писател Мебрух Миртоски од Кичево. Промоцијата ќе се случи во малата сала од Центарот за култура со почеток во 19 часот. Промотор и рецензент на најновиот труд на Миртоски и претставник на издавачката куќа „Јени Балкан“ од Скопје Муртеза Сулооџа. Мебрух Миртоски е роден во Кичево пред 30 години. Тој освен на македонски, твори и на турски јазик. Автор е и на стихозбирката „Јазлите на љубовта“ и на романот „Двете лица на светот“, а добитник е на повеќе награди за поезија и проза – истакна Маја Николоска Сиљаноска, портпарол на Центарот за култура во Кичево. З.А.