Фото: Ка.М.

Уметниците, верните љубители и поддржувачи на уметноста, вечерва од 19 часот во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе имаат можност да присуствуваат на отворањето на изложбата „Под нулата“, чиј автор е Викторија Димеска, историчар на уметност.
Со дела ќе се претстават Анита Јовеска, Атанас Атанасоски, Бојана Артиновска, Викторија Димеска, Давид Атанасоски, Дарко Талески, Елена Димоска Николоска, Маја Ралева-Миладиновски, Марјан Стојаноски, Методи Исков, Филип Јовески, Филип Перески, Христијан Нашуловски и Христина Мазнеска.
„Под нулата“, вели кураторот Димеска, е мулимедијален проект во кој учествуваат група ликовни уметници коишто ги истражуваа проблемите и решенијата поврзани со глобалното затоплување. Организатор е Бојана Артиновска, графички дизајнер Александар Ставананџија, додека за атмосферата на отворањето на изложбата ќе се погрижи Дуо Волчело.
Изложбата „Под нулата“ се реализира со поддршка од Министерство за култура и НУЦК „Марко Цепенков“. Ка.М.