Драматичната опера „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет, вечерва, во 20 часот. Ремек-делото на веризмот, опера за љубов, неверство, убиство, ќе се изведе под диригентската палка на Иван Еминовиќ, во режија на Дејан Прошев, сценографијата е на Илина Ангеловска, костимограф е Никола Булески, кореографка Олга Панго, концерт-мајстор Јане Бакевски, хор-мајстор Јасмина Ѓорѓеска.
Во операта настапуваат: Зоран Сотиров, Билјана Јосифов, Борис Трајанов, Благој Нацоски и Драган Ампов, балетските солисти: Ендру Кук (Англија), Агим Бафтии и Меланија Гоцевска, како и Хорот и оркестарот на Националната опера и балет.