На листата на најсреќни земји што секоја година ја составува Светскиот извештај за среќа, Финска го освои првото место во 2022 година како земја во која луѓето живеат најдобро. Се издвојува нивната способност да ја усогласат политиката со општото чувство на благосостојба.
За да ја одредат најсреќната земја во светот, експертите анализираа сеопфатни податоци од анкети од 149 земји, особено следејќи ги перформансите во шест категории.
Анализираните категории се следните: бруто-домашен производ по жител, социјална политика и здрав животен век, слобода да се направи сопствен животен избор, дарежливост на населението и ниво на корупција.
Првите седум најсреќни земји во светот се сите северноевропски земји. Финска го зазеде првото место, четврта година по ред, со вкупен резултат од 7.842. По Финска следуваат Данска, Исланд, Холандија, Норвешка и Шведска.
Најмалку среќна земја во светот за живеење е Авганистан, кој е на 149-то место. Оваа позиција може да се припише на ниската стапка на очекуваниот животен век и ниските стапки на бруто-домашниот производ по жител. Во последните пет земји се и Зимбабве, Руанда, Боцвана и Лесото.
Што се однесува до нашиот регион, најдобро рангирана земја од регионот е Словенија, на 29-то место, Србија на 47-то место, Хрватска на 59-то место и Босна и Херцеговина на 63-то место. По нив следуваат Црна Гора и Македонија на 71-то и 92-то место.