Следнава сабота, 30-ти септември, на локацијата на популарната Школка во Градскиот Парк во Скопје, со почеток од 20 часот и со слободен влез, ќе се случи овогодинешното издание на Октомврискиот Музички Поход 2023 (млади артисти) во рамките на Бела Ноќ 2023 година на која ќе настапат неколку локални млади но и искусни состави, као и настапи на неколкумина скопски диџеи.

На сцената на Школка ќе настапат младите групи Димиш, Занаду, Стефан Петановски и неговиот состав како и искусните Педро Хоризонте од Скопје.

Силите на диџеите ќе ги бранат популарните Диџеи Чарли, Ели Раста Грл и Јаска.

Почетокот е предвиден за 20 часот а крајот некаде кон 03 часот, по полноќ

Манифестацијата е извонредна можност за презентација на свежата македонска авторска музика како и на младите бендови и музичари, а истата е во организација на здружението КУЛТИ ВАТОР од Скопје, со поддршка на Министерството за Култура, ЈУ Универзална Сала и Град Скопје.

Манифестацијата Октомвриски Музички Поход се одржува по втор пат (покрај минатогодишното издание) и истата има намера да прерасне во традиционална.