Според читателите на „Њујорк тајмс“
Познатиот американски дневен весник „Њујорк тајмс“ неодамна одбележа 125 години откако во овој весник почнаа да се појавуваат рецензии за нови книги. Овој јубилеј беше можност читателите на печатеното и онлајн изданието на весникот да дадат свое мислење за најзначајните литературни дела создадени во тој период. Луѓе од шеесет и седум земји ги номинираа своите фаворити, а врз основа на нивните гласови, новинарите направија листа на 25 најдобри романи во последните 125 години.
Според одлуката на читателите на „Њујорк тајмс“, најдобар роман во последните 125 години е „Да се убие птицата-подбивница“ на американската писателка Харпер Ли. Второто место го зазема романот „Господарот на прстените: Дружината на прстенот“, првиот дел од фантастичната трилогија на Џон Роналд Руел Толкин. На третото место е антиутопискиот класик „1984“ на Џорџ Орвел, а на четвртото „Сто години самотија“ на колумбискиот писател Габриел Гарсија Маркес. На петтото место на листата е романот „Љубена“, напишан од Тони Морисон.
Комплетната листа на 25 најдобри романи во последните 125 години според читателите на „Њујорк тајмс“ можете да ја погледнете во продолжение:
„Да се убие птицата-подбивница“ (1960), Харпер Ли
„Господарот на прстените: Дружината на прстенот“ (1954), Џ.Р.Р. Толкин
„1984“ (1949), Џорџ Орвел
„Сто години самотија“ (1967), Габриел Гарсија Маркес
„Љубена“ (1987), Тони Морисон
„Целата светлина што не ја гледаме“ (2014), Ентони Доер
„Параграф 22“ (1961), Џозеф Хелер
„Ловец во ‘ржта“ (1951), Ј.Д. Селинџер
„Пајажината на Шарлота“ (1952), Е.Б. Вајт
„Завера на будалите“ (1980), Џон Кенеди Тул
„Кревка рамнотежа“ (1995), Рохинтон Мистри
„Џентлмен во Москва“ (2016), Ејмор Тоулс
„Однесено од виорот“ (1936), Маргарет Мичел
„Плодови на гневот“ (1939), Џон Стајнбек
„Големиот Гетсби“ (1925), Ф. Скот Фицџералд
„Приказната на робинката“ (1985), Маргарет Атвуд
„Хари Потер и каменот на мудроста“ (1997), Џ.К. Роулинг
„Бескраен мајтап“ (1996), Дејвид Фостер Валас
„Мал живот“ (2015), Хања Јанагихара
„Лолита“ (1955), Владимир Набоков
„Осамена гулабица“ (1985), Лари Мекмертри
„Шума над шумите“ (2018), Ричард Пауерс
„Молитва за Овен Мини“ (1989), Џон Ирвинг
„Едно дрво расте во Бруклин“ (1943), Бети Смит
„Улис“ (1922), Џејмс Џојс