Уметникот Бојан Ковски денеска ќе ja отвори својата изложба „Симбиоза“ во Музејот на градот Скопје, која претставува продолжение на истражувањето на човечката форма со преплетување на елементот земја. Изложбата вклучува впечатливи актови и портрети проткаени преку песок од пустините. Волшебното движење на сликите добива дополнителна магија од златото што е проткаено низ делата, создавајќи заводливо визуелно доживување за посетителите. Истражувањето на Ковски на четирите основни елементи, особено на земјата, служи како метафора за сложеноста на животот и барањето длабоки човечки конекции.
Бојан Ковски, роден во 1993 година во Куманово, го остава својот печат во светот на уметноста со својата страст и иновативен пристап кон сликарството. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во 2015 година. Учествувал во повеќе изложби што оставиле траен впечаток врз љубителите на уметноста. Во 2019 година, Дијана Томиќ Радевска ја опиша суштината на неговите дела, истакнувајќи го неговото страсно креирање дела со техниката масло на платно.
– Техниката на уметникот, карактеризирана со спокојство и квалитет, ги поканува гледачите да се симпатизираат и ангажираат со претставените теми, како бескрајноста на формата и трансцеденцијата на просторот и времето – вели таа.