Фото: З.А

Доцна попладнево во ликовниот салон од Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево, беше отворена изложба на Ана Ивановска со работен наслов „Ехо“. Оваа изложба е второ гостување на Ивановска во Кичево, откако претходно со друг опус гостуваше во овој град во 2014 година. Изложбата за отворена ја прогласи портпаролката на Центарот за култура, Маја Николоска-Сиљаноска.

Авторката на оваа изложба Ана Ивановска посочи дека идејата за овој опус се родила во времето на ковид пандемијата од 2020 година до денес..

– На денешната изложба во Кичево се претставив со девет дела кои во целина претставуваат еден вид на истражување од периодот на пандемијата со ковид-19 па се до денес. Фокусот е ставен на мојата внатрешна трансформација, чувставата и емоциите за време на пандемијата. Овој опус на дела е фотографија со фотомонтажа и за прв пат сакав да експериментирам со таа техника – истакна на отворањето авторкат Ивановска и нагласи дека дел од овие творби се претставени и на други изложби и ги потенцира Скопје, Њујорк, Берлин и други културни центри во Европа.

Таа најави дека со овој опус на творби наскоро ќе се претстави и во Штип а во план е да ги претстви и во други градови во земјава.

Зоран Антоски текст и фото