Во знак на почит и сочувство по повод трагедијата во Кочани, Друштвото на ликовни уметници на Македонија ги одложува сите активности предвидени за овој период од годината. ДЛУМ изразува сочувство по повод големата трагедија каде што животот го загубија многу млади животи. Во знак на почит, ДЛУМ ги одложува сите активности и изложбата „Експериментален цртеж“ предвидена за овој период од годината.
– Посакуваме сите заедно со заеднички сили да истраеме во болката на семејствата – се вели во денешната информација од ДЛУМ.