Во кафе-книжарницата „Буква“ се одржа десеттата „Поетска епизода“ посветена на 100 години надреализам. Со мултимедијално книжевно читање на надреалистичка поезија и гостувања на авторите Влада Урошевиќ, Фросина Пармаковска, Иван Шопов, Дарија Јовановска, Дејвид Величковски и Јована Стаматовска се одбележија 100-те години надреализам.
„Поетска епизода“ е настан организиран од здружението за афирмација на младинската култура „Култура бета“. Оваа епизода посветена на надреализмот е десетта во низа и со неа ќе се продолжи идејата што стои зад овој настан – да се промовираат македонските автори и поети со акцент на претставување на млади и нови автори.
Десеттата поетска епизода ја модерираа младите поети Андреј Медиќ Лазаревски и Марија Велинова. Настанот се организираше со поддршка и во соработка со кафе-книжарницата „Буква“.