Копродукциската претстава „Нема да биде крај на светот“, на Македонскиот народен театар, „Перипетија продукција“ – Скопје и на сараевскиот воен театар САРТР – Сараево, беше дел од натпреварувачката програма меѓу девет претстави на годинашниот 30. фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ – Струмица, кој се одржува од 8 до 13 септември. За оваа претстава актерката
Дарја Ризова ја доби наградата за најдобра актерка за улогата на Маша. Претставата „Нема да биде крај на светот“ е работена по текст на Аднан Лугониќ и е во режија на Нина Николиќ. Наградата ја доделува комисија во состав: Звездана Ангеловска, актерка (претседателка на жири-комисијата), Нико Горшиќ, актер, и Петре Арсовски, актер.
Ова е четврта по ред награда за Дарја Ризова за нејзината актерска игра.