На петтиот ден на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп вечерва ќе бидат изведени две претстави од официјалната конкуренција. Од 19.30 часот се претставува Струмичкиот театар со претставата „Циркус Пирандело“, а од 22 часот Турскиот театар
Скопје со „Човек перница“.
Во 10 часот ќе биде отворена детската зона „Чернодрински за деца“, поддржана од Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во соработка со
Театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“. Ќе учествуваат учениците од гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп – Марија Јованоска, Иван Здравески, Ангела Чупетреска и Стефан Петрески. Нивен ментор е Мартин Наумоски, а низ работилниците ги водеше едукаторот Милош Б. Андоновски.
Во 11 часот во фоајето на Центарот за култура ќе се одржи меѓународна конференција на тема „Македонскиот театар низ визурата на меѓународната јавност“ на која ќе учествуваат режисери, театарџии, гости на фестивалот.
Синоќа Драмскиот театар ја крена публиката на нозе по изведбата на „Чудна случка со кучето во ноќта“. Иако, три часа траеше претставата, прилепчани ја наградија со долг аплауз и овации. Ка.М.