Голем концерт на нашите вонсериски музичари со долгогодишна кариера на интернационалната сцена, Дуке Бојаџиев, Крсте Роџевски и Исмаил Лумановски, ќе се одржи на 16 февруари, во 19.30 часот, во Филхармонијата. Ова е прв нивен заеднички настап по девет години пауза на сцената на македонската филхармонија. На програмата ќе бидат авторски композиции и преработки на македонска изворна музика, во едно ново уникатно издание, со интимен карактер и модерна аранжманска структура и изведба.
– Извонредниот талент на тројцата врвни претставници на македонската музика одамна ја има својата потврда на светската сцена, а имињата на Дуке Бојаџиев, Крсте Роџевски и на Исмаил Лумановски се запишани и зад едни од најраскошните, маестрални концертни доживувања кај нас. Покрај меѓународниот успех и соработки, како музички уметници и автори, нив ги поврзуваат безвременоста на музиката, која ја создаваат со фантастичен сензибилитет, и оригиналноста во нивните беспрекорни изведби – се вели во најавата.
Од вчера билетите се пуштени во продажба.