Три перформанси: „Луцидниот Јос“, „Фенси сме“ и „Скеч“ на „Скопје танцов театар“ ќе се одржат вечерва во 20 часот, во Македонскиот народен театар. Кореограф на „Луцидниот Јос“ е Дејан Битровски, а музиката е на Дулелуд. Зад видеото и фотографијата стои Владислав Гавриловски, додека, пак, танчари се: Анастасија Данчевска, Сара Цветковска, Јована Зајкова, Адријана Данчевска, Исидора Краљевска, Јасмин Систи, Нил Хохенер, Бобан Русески.

„Фенси сме“ е изведба според кореографија на Рисима Рисимкин, а музиката во живо ќе ја изведуваат Виктор Филиповски и Владимир Трпчевски. Танчари се: Фросина Шуман, Тања Крстевска, Борис Богдановски, Викторија Коцева и Дамла Пинар Башар (Турција).

Адријана Данчевска е кореографka на третата изведба „Скеч“, според музика на Александар Гроздановски. Танчарите: Тереза Лазарев, Јасмин Систи, Сара Цветковска, Нил Хохенер, Дејан Битровски, Анастасија Данчевска, Јована Зајкова и Бобан Русески ќе носат костими на Адријана Данчевска.