Шестото издание на фестивалот „Киненова“ вечерва свечено ќе биде отворено во киното „Милениум“ со почеток во 20 часот.
На свеченоста ќе биде доделена наградата за особен придонес на филмската уметност на актерот Мето Јовановски и постхумно на Сабина Ајрула Тозија, а на отворањето на Фестивалот ќе се прикаже филмот „СТРАХИЊА БАНОВИЌ / AS FAR AS I CAN WALK“ на Стефан Арсенијевиќ.
„Киненова“ и оваа година им отстапува простор на осум моќни, нови гласови чии филмови ќе се борат за престижните фестивалски награди.
Фестивалот има отстапено простор на две документарни остварувања што обработуваат исклучително интересни теми.
„Киненова“ е благонаклонета и кон помалите кинематографии, па имаат и еден филмски претставник од соседно Косово, кој е вистински прирачник за реализација на мал, но силен филм. Полската и грчката кинематографија се во нивни редовен фокус, додека португалскиот филм приредува вистинско позитивно изненадување, велат од Фестивалот.
Проекциите на филмовите се во киното „Милениум“ и Кинотека на Северна Македонија.