Претставата „Не сега драга“, според текст на Реј Куни, а во режија на Диме Боцев, премиерно ќе се одигра во вторник, од 20 часот, во театарот при домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци.
Во претставата играат Диме Коцевски, Магдалена Атанасова, Видан Станоев, Надица Анѓелкова, Александар Малинков, Александар Видиков, Сијче Трајкова, Диме Боцев и Сашко Орешков.
Музиката/светлото се на Пепи Ангелов, костимографка е Сара Милевска, суфлери се Благица Илиева и Кристина Јованова, а сценска поддршка се Диме Темков и тим на Дом на културата во Кавадарци.
Претставата „Не сега драга“ е комедија на забуни, ситуации и интересни ликови и е наменета за публика над 16 години.
Поради ограничен број седишта поради протоколите за пандемијата, за премиерата нема да има влезници во продажба.