Романот „Турнеја“, издание на „Бегемот“ од Скопје, на македонскиот писател Сашо Огненовски е добитник на Наградата за најдобар роман по повод триесетгодишнината на Хрватското книжевно друштво од Риека. Наградата на Огненовски му ја додели претседателот на Хрватското книжевно друштво, Валерио Орлиќ, на церемонија во салата на Советот на Град Риека, по повод 30 години од основање на друштвото.
Во просториите на македонското културно друштво „Илинден“, пак, беше одржан книжевен портрет на Огненовски, каде што беа претставени неговите книги, наградениот роман и книжевното списание „Книжевни елементи“, чиј последен број беше посветен на хрватската книжевност.
Писателот Огненовски доби награда и за особени заслуги во областа на книжевноста.