Овогодишниот добитник на Наградата за животно дело „Анче Џамбазова“ е доајенот на Драмски и на македонското глумиште, актерот Ѓокица Лукаревски (Скопје, 29 април 1951).

Познат е по бројните улоги во филмови, театарски претстави и телевизиски екранизации. Со својата длабоко доживувана актерска интерпретација, Лукаревски посебно се истакнува во неколку претстави, каде што толкува главни и споредни улоги, а познат е и по улогите во „Пресуда“, „Македонски народни приказни“, „Хихирику“ итн.

На втората фестивалска вечер имавме прилика да го гледаме во „Партија реми“ (режија: Виолета Џолева), претстава со којашто во 2018 година Ѓокица Лукаревски одбележа 40 години играње на сцена во Драмски театар и замина во пензија.