Со концерт на оркестарот на Националната опера и балет насловен „Од оркестарот за публиката – Опера без зборови“, вечерва, во 21 часот, ќе биде отворен фестивалот „Скопско лето“. Концертот опфаќа дела од П. Маскањи, М. Мусоргски, Џ. Пучини, П.И. Чајковски – Р. Леонкавало, Ш. Гуно, В. Белини и Џ. Верди. Диригенти се Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, а режисер е Дејан Прошев.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата на ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење заштитна маска.
Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот.летите се во строго ограничен број.