Утревечер, во 20 часот, во Македонскиот народен театар, ќе гостува кинескиот танцов театар „Гуангдонг сонг енд денс“ со изведба на модерниот танц насловен „Будење“ во режија на Шуесонг Ванг. „Будење“ ја раскажува приказната за едно девојче што случајно се родило на село, наспроти очекувањата да се роди во некој голем и модерен град. Инспирирана од принципите на современите изведувачки уметности, претставатa ги спојува традиционалната кинеска изведувачка уметност и дисциплината таи чи.
„Будење“ ја обработува темата за бесконечноста на природата, истакнувајќи ја позитивната врска помеѓу човекот и природата и помеѓу човекот и животот од перспектива на модерната естетика. Билетите се пуштени во продажба онлајн и во билетарницата во МНТ.