Издавачката куќа „Везилка 2011“ ја објави новата книга на познатиот словенечки филозоф Славој Жижек – „Ленин 2017 – сеќавање, повторување и разработка“.
– Оригиналноста и важноста на В. И. Ленин како револуционерен лидер најчесто се поврзуваат со преземањето на власта во 1917 година. Но Жижек во оваа нова студија и збирка на оригинални текстови на Ленин ја застапува тезата дека вистинската величина на Ленин можеби подобро може да се разбере од последните две години на неговиот политички живот. Русија преживеа странска инвазија, ембарго и стравотна граѓанска војна, како и внатрешни востанија слични на она во Кронштат 1921 година…
Жижек со својот силен и провокативен увод сугерира дека храброста на Лениновата мисла може да се препознае во неговата готовност без отстапувања да се соочи со реалноста на повлекувањето – наведува издавачот.