Назначената Афрона Веризволи во текот на утрешниот ден ќе биде разрешена од местото ревизор на ИПА фондовите, информираат од Владата.
– Ја известуваме јавноста дека назначената Афрона Веризволи во текот на утрешниот ден ќе биде разрешена од местото ревизор на ИПА фондовите. Воедно посочуваме дека е потребно и вниманието да се насочи кон отворените злоупотреби на парите од ЕУ и фондовите ставени на располагање кои беа присутни во изминатиов период, а за кој постои и пишан траг и нотификација од Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) кои поради таквото работење побаруваат од државата исплата на неколку милиони евра – брифираат од Владата.
Оттаму наведуваат дека пренасочувањето на вниманието кон други теми го толкуваат „како бегство од одговорност за ваквите злоупотреби“. – Одговорност ќе има, се наведува во информацијата од Влада.
Медиумите денеска објавија дека ЕУ ќе испитува дали Владата поставила несоодветна главна ревизорка за Европските фондови и дека не се знае дали новоименуваната Афрона Вервизоли воопшто има лиценца за ревизор.